По Марија Николиќ и Матеја Серафимова, ПАОК е следниот клуб и за ракометарката Симона Стојковска, по што очигледно станува дека Грција е атрактивна дестинација за нашите ракометарки. Стојковска во ПАОК пристигнува од екипата на Металург.
„Среќна сум што дојдов во ПАОК. Ова е голем предизвик за мене да работам во одличен европски клуб. Се надевам дека со напорна работа ќе ги донесеме титулите во градот. Исто така многу ми значи што тука се моите поранешни колешки, Николиќ и Серафимова. Ќе се адаптирам брзо и ќе бидат подготвена да одговорам на брањата на клубот“, истакна Стојковска.