Maкедонија вчера го заврши квалификацискиот турнир во Перм, иако имавме две победи против Италија и Естонјија, останавме без пласман на Европското првенство.
Сепак селекторот Александар Тодоров е оптимист кога во прашање е иднината на националниот тим. Тодоров е убеден дека Македонија ќе игра на Европското првенство во 2025 година и нема да биде аутсајдер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Кога за првпат ја добив понудата за селектор, ми требаше речиси еден месец да одлучам дали сакам да се впуштам во една нова авантура, посебно што првичниот впечаток, и мој и на луѓето со кои разговарав, беше дека речиси се минимални шанси за макар и една победа. Сепак, од денешен агол, ако повторно е ноември 2019 година, и ја добијам истата таа понуда, сигурен сум дека пак би ја прифатил, бидејќи навистина ми беше задоволство да работам со оваа група на играчи, независно од крајниот резултат.
Запознав десетина млади играчи, кои не само што не ги имав тренирано, а воопшто не ги ни познавав, и сигурен сум дека со нив, но 3-4 години постари, веќе во 2025 година Македонија ќе биде дел од Евробаскетот, и тоа не само во улога на аутсајдер“, изјави Тодоров.
Период во кој, како што вели Тодоров, се „измешаа“ разочарувањата и задоволството.
„Ако се осврнеме наназад на овие шест натпревари од овие квалификации, можам да кажам дека има два спротивставени моменти: едниот разочарувањето поради необезбедувањето пласман на ЕП, и вториот огромното задоволство дека бев дел од нешто ново што се создава и што ќе трае во наредните 10-15 години.
Имаме два порази во израмнети, до последните минути, средби со Русија и Италија. Имаме еден крајно лош натпревар со Русија, ама имаме и две победи, и едно катастрофално лошо полувреме во Скопје во првиот натпревар во овој циклус нè остави да го гледаме следното ЕП дома“.