Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија трет месец по ред со непроменета позиција на ФИФА ранг листата

Македонија трет месец по ред со непроменета позиција на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија и трет месец во низа се наоѓа на 68-та позиција на ФИФА ранг листата.

Иако запишавме две победи против Лихтенштајн и Гибралтар со што обезбедивме домашно финале во Лигата на Нации, на ФИФА ранг листата немавме напредок.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во овој момент имам рејтинг од 1.343, пред нас Алжир со четири повеќе.

На оваа 68-ма позиција стигнавме во септември и од тој момент три месеци во низа остануваме со истиот пласман, најверојатно и тука ќе ја завршиме 2018 година.

Косово, селекцијата против која ќе играме полуфинале во Лигата на Нации во 2020 година го има својот најдобар пласман и се наоѓа на 131-та позиција.

Ова беше претпоследно рангирање за оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…