Дома Македонски спорт Македонија – Романија: Сакаме празнична победа!

Македонија – Романија: Сакаме празнична победа!

Македонија за само седум дена ја очекува уште еден квалификациски меч, меч од големо значење против селекцијата на Романија. И ако сакаме двете ремија по ред со Ерменија и Исланд да не бидат оквалификувани како лоши резултати, сега се потребни три бода и ништо помалку од тоа.

Време е за три бода

Македонија ја надигра Ерменија, но не славеше победа. За мечот со Исланд во неделата, не треба премногу да трошиме зборови. Водевме со 2:0, но по огромниот пад во последните 30 минути, освоивме само бод откако исланѓаните постигнаа два гола за израмнување. Сега против Романија, ќе требаат три бода, ако Милевски имомците сакаат да останат конкурентни за пласман на СП во Катар следната година. А целите се високо поставени, по настапот на ЕУРО 2020. Милевски ќе може да смета на сите фудбалери и нема посериозни проблеми со повредени. Мал проблем е заморот на неколку репрезентативци кои одиграа по 90 минути на предходните два меча, но нели – кога се игра за репрезентацијата не треба да се штедат сили. Време е за победа, а многу нешта се наклонети кон освојување на три бода за Македонија.

Висок пресинг, добар посед, агресивност … но нема резултат


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонија под водство на Милевски изгледа поагресивна и поофанзивна. И тоа е добро – ги надигравме во поле и Ерменија и Исланд и ги држевме далеку од својот гол во најголемиот дел од натпреварот. Милевски очигледно знае што прави, знае што сака, на некој начин ја пресликува играта од младата во сениорската репрезентација, но тука има еден проблем – физичката спремност на фудбалерите.

Играта со висок пресинг, високо поставена дефанзива, со сранични бекови кои постојано трчаат во напад и одбрана е добра, но тешко дека постои тим или репрезентација која на таков начин може да одигра 90 минути. Мора да се направи баланс, да се има надополнување меѓу фудбалерите и мора да има ротации, а Македонија ги нема. Фали Адеми во средината, а тоа се почуствува веднаш откако Барди беше повлечен од игра против Исланд. Очигледно дека Македонија може без еден од нив, но не може без двајцата и ако има нешто добро од ремито со Исланд – тоа нека биде поуката за селекторот дека не може да ги вади најдобрите играчи, толку рано во натпреварите, особено кога не Македонија не е во полн состав.

Психолошкиот момент на страната на романците

За разлика од Македонија, Романија славеше на двата меча во овој репрезентативен прозорец. Прво беа подобри во Исланд славејќи со 0:2, па славеа над Лихтенштајн со идентичен резултат. Собраа шест бода и сега се пред Македонија на табелата. Интересно, но тие не беа така убедливи против Исланд како што беше Македонија, а освоија три бода. Сега сите во тимот очекуваат нови три бода во Скопје и покрај тоа што се свесни и што најавуваат тежок меч. Нивна предност е психолошкиот проблем по двете победи, а тоа може да биде многу опасно по Македонија. Исто така, тие славеа над Македонија со 3:2 на првиот меч, но тоа беше пред настапот на Македонија на ЕП.

Романија со сериозни проблеми и само со 21 фудбалер

Романскиот селектор Мирел Радои се соочува со сериозни проблеми во пресрет на дуелот со Македонија. Откак од предходно се знаеше дека тој нема да може да смета на неколку фудбалери поради повреди, синоќе се случуваше вистинска паника во редовте на Романија.

Младиот напаѓач Јанос Хаџи доби позитивниот тест на ковид-19, откако тој пријавил мали симптоми, па тој и уште тројца репрезентативци заминаа во изолација при што Романија во Скопје тренираше само со 17 фудбалери. Сепак, останатите тројца добија негативни тестови и ќе можат да настапат.

Предходно се знеше дека со Македонија нема да играат Алибек, Драгуш, Танасе и Ротариу што е голем хендикеп за Романците..

Инаку, токму синот на славниот Џорџи Хаџи, беше стрелец на победничкиот погодок на првата средба со нашата репрезентација.

Фото: Профимедиа

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…