Македонија го запиша првиот пораз во групата Ц од квалификациите за Европското првенство, откако попладнево загуби од Турција со 3:1 во сетови.
Турците одлично го започнаа натпреварот и го добија првиот сет со 25:16, а Македонија во вториот врати со одлична игра за 25:18 и израмни на 1:1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, Турците третиот сет го почнаа фуриозно и направија 4:0 по што нашите одбојкари паднаа психички и не успеаја да се вратат во игра, па на крајот со 25:18 Турција поведе со 2:1.
Четвртиот сет селекцијата на Турција го освои лесно и со 25:12 и 3:1 во сетови го добија натпреварот.
Македонија утре игра против БиХ, натпревар кој мора да се добие доколку сакаме да ги задржиме шансите.