Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија повторно поразена, Азарбејџан славеше во Скопје

Македонија повторно поразена, Азарбејџан славеше во Скопје

Македонската репрезентација загуби со 1:3 од Азербејџан на пријателскиот натпревар во Скопје.

Нашите фудбалери добро го започнаа натпреварот. Барди го отвори резултатот и и донесе водство на нашата репрезентација од 1:0 во 25-та минута, откако беше прецизен од белата точка.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Азербејџан многу прилики за гол, сепак стигна до изедначување во 38-та минута преку Кафрагулиев, а Несторовски имаше одлична шанса да донесе водство пред крајот на полувремето.

Работата за нашиот национален тим беше отежната кога Бобан Николов после само седум минути игра во вториот дел доби втор жолт картон и предвреме го заврши натпреварот.

Неколку минути подоца Азарбејџан ја искористи бројчаната предност и стигна до водство од 2:1. Потоа следеше период која Македонија заигра подобро, два пати погоди пречка, но не успеа да израмни. Казната стигна во последните минути кога Шејдаев ги постави конечните 1:3.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…