Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 64-то место во светот на листата која ФИФА ја објави денес.




Избраниците на Благоја Милевски имаат најдобар рејтинг од противниците со кои се натпреваруваат во Лигата на нации (Бугарија (74), Грузија (82), Гибралтар (200).
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Македонија е на 64 позиција со 1375 поени, веднаш зад Исланд (1379), а пред селекцијата на Словенија (1372).




Нема промени на врвот, прв е Бразил пред Белгија, а третопласирана е Аргентина. Во Топ 10 се наоѓаат репрезентациите на Франција, Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.