Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија загуби од Романија, но избори место во квалификациите за ЕП

Македонија загуби од Романија, но избори место во квалификациите за ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето во Романија со 65:53 , но и покрај тоа ја оствари целта и избори пласман во квалификациите за ЕП.

Избраниците на Јорданчо Давитков го добија првиот период со 16:15, но во продолжение од мечот, Романците имаа резултатска предност и на полувремето се отиде со предност од 34:29 за домашната селекција.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во решавачките моменти домаќините имаа позитива и од 13 поени, при што не искористија два напада во кои можеа да стигнат до посакуваната разлика од 14 поени.

За среќа на крајот поразот не беше во висина од 14 поени разлика затоа што такво нешто ќе ни ги намалеше шансите на минимум за пласман во квалификациите за Европското првенство.

Вака македонската репрезентација ја оствари целта, се пласира во главните квалификации за Евробаскетот

Најефикасен во нашиот табор беше Дамјан Стојановски со 13 поени, а еден помалку реализираше неговиот брат Војдан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…