Дома Фудбал Репрезентации „Македонија е посакуван противник за отварање на едно ЕП“

„Македонија е посакуван противник за отварање на едно ЕП“

Капитенот на репрезентацијата на Австрија, Јулијан Баумгартлингер кој игра за Баер Леверкузен истакна дека според него Македонија е посакуван противник за прв натпревар на едно големо натпреварување.

На 13. јуни во Букурешт Македонија ќе игра против Австрија и тоа ќе биде деби за нашата селекција на едно големо натпреварување. Австрија е една силна бундеслигашка репрезентација, а тоа го почувстувавме и во квалификациите за ЕП каде што бевме победени со 1:4 во Скопје и 2:1 во Виена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Многу е важно како ќе го отвориме турнирот. Мислам дека Македонија е посакуван противник на отварањето. Тој натпревар ќе биде многу важен за нас, ако го „скршиме мразот“ порано ќе ни биде полесно“, најави фудбалерот на Баер Леверкузен.

Тој верува во пласман на Австрија во нокаут фазата.

„Голем оптимист сум и мислам дека ќе поминеме, имаме тим кој е гладен за успех. Првиот чекор секако е да обезбедиме осминафинале. Мораме да имаме некоја стартна точка, ако не успееме подобро да не одиме таму“, смета Баумгартлингер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Јунајтед решен да го задржи Хари Мегваер

Раководството на Манчестер Јунајтед се подготвува да му понуди нов договор на Хари Мегваер…