Селекторот Кире Лазаров ги избра ракометарите кои ќе бидат во конкуренција за мечот против Финска во квалификациите за Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во составот најголем број се познати искусни имиња, но и играчи на кои ќе се гради иднината на македонскиот национален тим.
Лазаров ќе биде во конкуренција за мечот, како и Митревски, Манасков, Стоилов, Ѓорѓиев, Велковски, Томовски, Талески, Маркоски, Кузмановски, Георгиевски, Пешевски, Маџовски, Серафимов и Мишевски.
Ова значи дека Македонија во најсилен состав ќе излезе против Финска и ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога.