Дома Фудбал Репрезентации Македонија во Букурешт на ЕП ќе игра на трева со највисок квалитет 🎥

Македонија во Букурешт на ЕП ќе игра на трева со највисок квалитет 🎥

Летово Македонија ќе дебитира на едно Европско првенство, првите два натпревари ќе ги играме на Националната Арена во Букурешт каде што условите ќе бидат на највисоко ниво.

Овие денови на Арената целосно се промени тревната подлога, а медиумите објавуваат дека тоа е десетти пат во последната деценија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На овој стадион Македонија гостуваше минатиот месец кога несреќно изгубивме со 2:3 од Романија. За 50-тина дена повторно ќе истрчаме на истиот стадион, но сега на поголема сцена.

Третиот натпревар Македонија ќе го против Холандија во Амстердам. Во Букурешт наши противници ќе бидат Австрија и Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Струга гази сè пред себе – падна и Тиквеш за „пет од пет“ (Видео)

Струга Трим Лум ја продолжи победничката серија во Првата македонска фудбалска лига и во р…