Дома Македонски спорт Македонецот Бесир Алили е европски шампион во борење

Македонецот Бесир Алили е европски шампион во борење

Македонецот Бесир Алили стана европски шампион во борење во категоријата слободен стил до 48 килограми.

Алили во финалето на ЕП до 17 години славеше против Харутјун Ховханисјан од Ерменија, со резултат 7-6.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Алили е извонредно талентиран млад борач за кој се предвидува дека може да ја врати славата на македонското борење.

На патот до златниот медал, Бесир Алили ги победи Оскар Кулчицки (Полска), Андреј Витан (Молдавија) и Лука Гугешашвили (Грузија).

Шанса да освојат медал на ЕП во Фиренца има уште и Реџеп Хајдари кој во категоријата до 92 килограми ќе се бори за бронзениот медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…