Дома Трансфер зона Мадридско дерби за ѕвездата на Челзи

Мадридско дерби за ѕвездата на Челзи

Во Шпанија трансфер пазарот е се уште отворен и би можеле да се случат неколку големи трансфери.

Тамошните медиуми пренесуваат дека двата мадридски клуба се во потрага по квалитетн лев бек, а најголема желба е Маркос Алонсо од Челзи.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Шпанецот минатите две сезони во Премиер лигата се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, а Лотепеги го сака во тимот како алернатива за Марсело.

„Кралевите“ во Алонсо гледаат како идеален наследник на Бразилецот, кој на крајот на сезоната би можел да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

За Шпанецот силен интерес покажува и Атлетико Мадрид, бидејќи Филипе Луис сака да го напушти клубот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал и Атлетико се спремни да платат 70 милиони евра, но Челзи тешко дека ќе се откаже од еден од своите најважни фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…