Дома Фудбал Лига на шампиони Луческу: Барса го нема потребното ниво да ја освои ЛШ

Луческу: Барса го нема потребното ниво да ја освои ЛШ

Тренерот на Динамо Киев, Мирчеа Луческу, не верува дека Барселона има квалитет за да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Украинскиот клуб, вечерва, ќе гостува на „Камп Ноу“, во третото коло, а Барселона оваа сезона одлично ја отвори сезоната во Лига на шампиони.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Барселона има талентирани фудбалери, им треба време за да влезат во системот. Мислам дека во овој момент тимот не е на потребното ниво, кое е потребно да се освои ЛШ. Баерн, Манчестер Сити и ПСЖ имаат поголеми шанси“, изјави Луческу.

„Кога тренер ќе дојде во еден клуб потребно му се околу шест месеци за да ги спроведе своите замисли. Барселона на пролет ќе изгледа поинаку. Тие подобро играт во ЛШ него во Ла Лига“, заклучи Луческу.

Мирчеа Луческу за пресметката на „Ноу Камп“ ќе има само 13 фудбалери, бидејќи девет играчи на Динамо се заразени со коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Влаховиќ донесе важна одлука за кариерата и порача да не го вознемируваат!

Душан Влаховиќ во изминатите месеци постојано беше поврзуван со заминување од Јувентус. Ме…