Лука Јовиќ би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето.
Се поврзуваше Јовиќ со неколку клубови, а сега италијанскиот новинар кој е познат како специјалист за трансфери, Николо Шира објави дека Јовиќ бил понуден на Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој објави дека на италијанскиот клуб го понудил неговиот агент Фали Рамадани. Во прашање би била позајмица со можност за откуп на договорот. Засега се уште одговорот не е познат, се очекува во наредните денови да има повеќе детали.
Како што стојат работите Јовиќ тешко ќе се избори за место во стартниот тим на Реал и поради тоа тој сака да го напушти клубот. Србинот во Реал пристигна во 2019 година од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но од почетокот имаше многу проблеми во новата средина.
Luka #Jovic could leave #RealMadrid this summer: the serbian striker has been offered on loan to #Inter by his agent Fali Ramadani. #transfers
— Nicolò Schira (@NicoSchira) July 20, 2021