На стартот од авантурата на Лука Јовиќ во Реал не му оди баш најдобро, а изгледа српскиот фудбалер немал среќа и на други полиња.
Јовиќ дури вчера го постигна првиот гол во дресот на Реал каде што пристигна изминатото лето. Сега медиумите пишуваат дека тој имал еден неуспех и во приватниот живот. Наводно тој се обидел да ја заведе турбо-фолк ѕвездата на овие простори Дара Бубамара, меѓутоа немал среќа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Како што се пишува Јовиќ почнал да се распрашува за Дара кога дознал дека е слободна, тргнал во акција, но добил „студен туш“.
„Почна да се распрашува кај пријателите кога дозна каква е приватно. Прашуваше и дали е точно дека е добра во кревет. Кога доби позитивни одговори го најде нејзниот број и испраќаше пораки. Не одолговлекуваше и беше директен, веднаш и се претстави и ја праша дали сака да излезат на вечера во еден познат хотел. Дара мислеше дека некој си игра со неа и дека лажно се претставува како Лука Јовиќ. Не одговараше на пораките, туку го блокираше тој број“, изјавил анонимен извор за српски Курир.
Јовиќ неколку недели подоцна се појави и на настап на Дара, меѓутоа и таму немал успех. Познатата пејачка и лично била запрашана, а одговорила дека не го познава Јовиќ лично, но дека и е мило што таква ѕвезда доаѓа на нејзин настап.
„Јас лично не го познавам. Знам дека е фудбалер, а фудбалерите сакаат да се забуваат во слбоодно време, па затоа и доаѓаат на моите настапи во Белград“, изјавила пејачката.