Дома Фудбал Италија Лука Тони: Роналдо беше проблем за Јувентус, не можеше еден играч да издрбила

Лука Тони: Роналдо беше проблем за Јувентус, не можеше еден играч да издрбила

Легендарниот италијански напаѓач, Лука Тони го критикуваше Кристиано Роналдо откако Португалецот одигра лошо во финалето од Купот на Италија против Наполи.

Јувентус беше поразен од Наполи после изведувањето на пенали, а Роналдо втор пат во неколку дена одигра натпревар под своето ниво.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Поранешниот италијански голгетер смета дека Португалецот вчера бил еден од главните проблеми во екипата на Маурицио Сари.

„За овој пораз сигурно има вина и Роналдо. Очигледно е дека има физички потешкотии, дури не може да издрбила ниту еден играч“, изјави Тони.

Тони ја искористи приликата и да го пофали Џанлуиџи Буфон кој одигра одличен натпревар.

„Буфон беше најдобар кај Јувентус на теренот“, кратко потенцираше легендарниот напаѓач.

Тука можеме да додадеме и дека Роналдо сруши негативен рекорд во неговата кариера затоа што првпат му се случува да изгуби две финалиња во низа. Претходното беше од Лацио во Суперкупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Многумина ќе бидат изненадени: Стигна првата и единствена официјална понуда за Тер Штеген

Марк-Андре тер Штеген сака да остане прв избор на голот на Германија, која ќе игра на Свет…