Легендарниот Лука Модриќ на 39 години и во својот 174. натпревар конечно успеа да го освои трофеј со хрватската репрезентација.
Добро станува збор за пријателски турнир и не премногу важен и силен „АКУД куп“ во Египет, но Лука конечно крена пехар и со Хрватска, во натпреварување кое е и признаено од ФИФА. Рекордерот по бројот на настапи за Хрватска ги освои сите трофеи што можеше да ги освои со Реал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На репрезентативен план досега играше две големи финалиња, на Мундијалот во 2018 година и во Лигата на Нации. На Светското првенство во Катар 2022 година го освои бронзениот медал.
Сега со одличен настап на турнирот во Каиро против домаќините ја водеше Хрватска. Играше само еден час, но постигна два гола за победа од 4:2. Пред тоа Модриќ настапи и на првиот натпревар во кој Хрватска на пенали го победи Тунис со 5:4.
Модриќ ќе ја предводи Хрватска на Еврото во Германија кое започнува на 14 јуни. Тоа ќе биде неговото последно големо натпреварување во кариерата и последна шанса да освои голем трофеј со репрезентацијата, сепак Хрватите во овој момент не се вбројуваат помеѓу фаворитите.