Како што пренесуваат американските медиуми, Лука Дончиќ е позитивен на коронавирус.
Дончиќ претходно беше во ковид протоколот поради мерките за претпазливост, а сега е потврдено дека е позитивен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Словенечкиот кошаркар така се придружи на соиграчите, Тим Хардвеј, Макс Клебер и Џош Грин кои се во карантин. Лука ги пропушти последните два натпревари на Далас поради повреда. Прво го повреди коленото, а потоа зглобот.
Требаше да се врати Дончиќ во натпреварот против Милвоки, меѓутоа сега ќе го пропушти и Божиќниот натпревар против Јута. Дончиќ сезонава во просек бележеше 25.6 поени по натпревар, 8.5 асистенции и осум скокови.