После долгата сага Ромелу Лукаку го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата овој фудбалер ќе ја продолжи во Интер.
Лукаку минатата сезона често пати беше во сенка на Маркус Рашфорд на кого Манчестер Јунајтед повеќе му веруваше, а после долги преговори потпиша повеќе годишен договор со Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиецот беше платен 65 милиони евра (плус 13 како бонус) и тоа е најголемата сума која Интер ја платил за еден фудбалер во клупската историја.
Дека Лукаку направи вистински потег смета селекторот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез.
„Неговото време во Манчестер Јунајтед едноставно завржи. Му беше потребен „свеж воздух“, нешто ново. Токму тоа го доби во Интер и убеден сум дека играчи ќе се препорди“, изјави Мартинез.
Лукаку во Интер имаше добар старт бидејќи на пријателски натпревар против екипата на Виртус Бергамо постигна четири гола.