Дома Фудбал Лига на шампиони Лукаку херој на Интер, реми во Лајпциг🎥

Лукаку херој на Интер, реми во Лајпциг🎥

Ромелу Лукаку беше херој на Интер и со неговиот гол во финишот овозможи „нероаѕурите“ со предност да патуваат во реваншот во Порто.

Португалскиот клуб добро се бранеше во првото полувреме, а најзрелата шанса ја пропушти Лаутаро на самиот старт на натпреварот.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Во второто полувреме се чинеше дека Порто ја има играта под контрола, се до 78-та минута кога Отавио не беше исклучен поради втор жолт картон.

Бројчаната предност Интер ја искористи во 87-та минута, кога Лукаку погоди за 1:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Лајпциг и Манчестер Сити одиграа реми 1:1, па патникот во четвртфиналето ќе се решава на „Етихад“.

Марез во првото полувреме му донесе предност на „граѓаните“, а Гвардиол израмни на 1:1 во вториот дел после лошата проценка на голманот Едерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Младинците на Барселона триумфираа во Лигата на шампионите

Тимот на младите играчи од Барселона ја освои титулата од Лигата на шампиони победувајќи г…