Дома Трансфер зона Лукаку се понудил, Милан кажал НЕ

Лукаку се понудил, Милан кажал НЕ

Иднината на Ромелу Лукаку се уште е неизвесна. Јасно е дека за него нема повеќе место во Челзи,  но Белгиецот не може да си најде нов клуб.

Интер дефинитивно се откажа од него откако Лукаку почна преговори со Јувентус. Меѓутоа, „бјанконерите“ не можат да го донесат доколку не го продадат Впаховиќ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Лукаку го губи трпението и сака што поскоро да си најде нов клуб, а негова најголема желба е да се врати во Серија А.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Лукаку сега му се понудил на Милан и дека е спремен да ја намали својата плата за да се врати во Милано.

Меѓутоа, „росонерите“ ја одбиле понудата и му соопштиле дека не се заинтересирани за неговите услуги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…