Дома Фудбал Англија Лукаку се огласи на социјалните мрежи и ги разгоре шпекулациите (фото)

Лукаку се огласи на социјалните мрежи и ги разгоре шпекулациите (фото)

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку со објава на социјалните мрежи откри дека е блиску до трансфер.

Белгискиот напаѓач е трансфер мета на Интер и Јувентус, па поради тоа се врати порадно од азиската турнеја, каде не настапи ниту на еден меч.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Денес Лукаку на Твитер објави слика со агентот Федерико Пасторело со кратка порака: „Очекувајте продолжение наскоро“.

Оваа порака медиумите ја протолкуваа како најава за трансфер, кој треба да се случи во наредните денови.

Јунајтед за неговата слобода бара 80 милиони евра, а Интер со новата понуда е блиску да се приближи до таа сума.

Од друга страна пак денес се појави информација дека Јувентус е спремен да му понуди на Јунајтед трампа во која ќе биде вклучен Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лукаку ги прекршил тимските наредби, Наполи подготвува казна?

Искусниот голгетер Ромелу Лукаку, кој поради недоволната физичка подготвеност, нема да бид…