Дома Фудбал Италија Лукаку проработи, Интер се врати на победите🎥

Лукаку проработи, Интер се врати на победите🎥

Интер конечно се врати на победите во Серија А откако попладнево славеше против Емполи со 3:0.

Првото полувреме видовме бледа игра на „нероаѕурите“ кои не успеваа да создадат добра шанса, па на одмор се замина без голови.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Во второто полувреме проработи Ромелу Лукаку, кој постигна два гола. Белгиецот најпрво погоди на стартот на вториот дел, а потоа со прекрасен гол зголеми на 2:0.

Конечните 3:0 ги постави Лаутаро Мартинез во 89-та минута, а со оваа победа Интер привремено се врати на 4-то место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …