Дома Фудбал Англија Лукаку зборуваше за Манчестер Јунајтед и уште еднаш покажа класа

Лукаку зборуваше за Манчестер Јунајтед и уште еднаш покажа класа

Синоќа Интер го совлада Шахтјор со 5:0 и се пласираше во финалето од Лига Европа.

Уште една одлична партија пружи Ромелу Лукаку кој постигна два гола, постави нов рекорд во Лига Европа и покажа дека е во одлична форма.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Откако ги напушти „Црвените ѓаволи“, Лукаку едноставно експлодираше, а ја игра веројатно најдобрата сезона од неговата кариера досега. По синоќешниот натпревар, новинарите го прашаа за поразот на неговиот поранешен клуб Јунајтед во полуфиналето, а тој даде џентламенски одговор.

„Тие дадоа се од себе за да се пласираат во финале, но не успеаја. Имаа навистина добра сезона и мислам дека Оле прави добра работа. Постојат неколку одлични играчи кои се истакнаа и мило ми е за тоа. Им посакувам се најдобро и верувам дека следната сезона ќе биде уште подобра за нив“, рече Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …