Дома Топ вести Лукаку е несреќен во Челзи, сака да се врати во Интер

Лукаку е несреќен во Челзи, сака да се врати во Интер

Ромелу Лукаку минатото лето пристигна како големо засилување во Челзи, после две одлични сезони во Интер.

Лукаку сакаше да се врати во клубот за кој навива од детсвото, а „сините“ за неговиот потпис платија 115 милиони евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Меѓутоа, Лукаку оваа сезона е само бледа сенка на тоа што беше во Серија А, го загуби местото во стартниот тим, па дури и влезе во конфликт со тренерот Томас Тухел.

Белгиецот не е среќен на „Стенфорд Бриџ“ и сака да се врати во Интер, но прашање е дали Челзи ќе се согласи да го пушти откако потроши огромна сума за него.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Лукаку ги контактирал челниците на Интер и им порачал дека е спремен на се за на лето да се врати на „Џузепе Меаца“.

Наводно и Интер сака да го врати Лукаку, па дури е спремен да го продаде Лаутаро за да го финансира трансферот на Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола носи фантастична замена за Родри

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред,…