Дома Фудбал Луис Суарез ги пропушта репрезентативните натпревари

Луис Суарез ги пропушта репрезентативните натпревари

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез нема да биде на располагање на својата селекција за предстојните натпревари, потврдија од Барселона.

Суарез доживеа лесна повреда на коленото поради која некое време ќе биде надвор од терените, а од Барселона порачаа дека во наредните денови ќе му бидат направени детални прегледи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Не е прецизно утврдено колку Суарез ќе паузира, но за сега е сосема јасно дека нема да игра за Уругвај на пријателските натпревари против Јужна Кореја и Јапонија.

Суарез новата сезона не ја отвори на најдобар можен начин, бидејќи на 11 натпревари постигна само три погодоци во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роден е во Данска, но порачува: Нема да плачам, ако утре дадам гол!

Данската репрезентација сериозно ги анализира заканите кои доаѓаат од македонскиот напад п…