Милан оваа сезона не игра според очекувањата, иако се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампиони.
„Росонерите“ играат слабо во Серија А и доколку не завршат во Топ 4 на крајот сигурно тренерот Пиоли ќе добие отказ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Раководството и понатаму му верува на Пиоли, но медиумуте тврдат дека на лето би можело да дојде до тренерска смена на „Сан Сиро“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека прв фаворит за негов наследик е Луис Енрике. Шпанецот во моментов е без ангажман, откако го напушти кормилото на шпанската репрезентација.
Енрике има искуство во Серија А каде ја предводеше Рома и тоа токму кога на „Олимико“ беше директор Фредерик Масара, кој сега е спортски директор во Милан и е во одлични односи со Шпанецот.