Дома Фудбал Останато Луиз: Ме молеа да се вратам во Челзи

Луиз: Ме молеа да се вратам во Челзи

Бразилецот Давид Луиз откри дека на луѓето во Челзи тешко им паднало што заминал во Арсенал.

Луиз минатото лето го напушти Челзи и во последните моменти од преодниот рок направи трансфер во редовите на Арсенал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Арсенал за него плати нешто помалку од 10 милиони евра. Сега тој тврди дека луѓе од Челзи му пишувале пораки да се врати.

„Првите три дена не беа лесни, морав да се соочам си силни емоции. Сите знаеа низ што се поминав во Челзи. Имав одличен однос со сите во клубот. Ми недостигаа сите. Секојдневно добивав пораки во кои пишуваше: Врати се, врати се, врати се…Поради тоа ми беше уште потешко“, откри Луиз.

Луис со Арсенал потпиша договор до летото 2021 година и до сега одигра 25 натпревари во првенството и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Статусот на Атлетико за Винисиус предизвика 5 милиони реакции – се појави нова снимка

Реал Мадрид го победи Атлетико 2:1 во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп што се игра во Са…