Денес заврши уште еден натпревар од петтото коло на Евробаскетот во групата Б.
Словенија предводена од Лука Дончиќ ја совлада Франција со 82:88 и со скор 4:1 од лидерската позиција продолжува во осминафиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот најголем дел беше во егал. Словенците имаа периоди во кои водеа со пет до седум поени разлика, меѓутоа Французите брзо се враќаа.
Кон средината на последната четвртина Словенците имаа +10, резултатот гласеше 70:890. Потоа следуваше серија на Франција која дојде до 79:80. Во неизвесната завршница подобро се снајдоа Словенците и на крајот стигнаа до триумф.
Натпревар за паметење одигра Лука Дончиќ кој постигна неверојатни 47 поени и така стигна до второто место на сите времиња по бројот на поени на еден натпревар од Евробаскет. Пред Дончиќ е само Еди Терас кој во 1957 година постигна 63 поени за Белгија против Албанија.