Јувентус минатото коло се извлече против Аталанта во последното коло, а во последното пред зимската пауза ќе играат против Сампдорија која предводена од разиграниот Фабио Кваљарела бележи одлични резултати.
Првиот човек на Сампдорија Масимо Фераро, како и навивачите на овој клуб со нетрпение го чекаат натпреварот со италијанскиот шампион, а пред истиот даде интересно ветување – во свој стил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имам долга коса, отсекогаш носам таква фризура, но ако го победиме Јувентус ќе ја избричам главата и ќе направам фризура како Раџа Наинголан“, вети Фереро.
Фереро потоа зборуваше и за расизмот на фудбалските стадиони, што е тема број еден во Италија поради испадот на навивачите на Интер и навредите кон Калид Кулибали.
„Фудбалот е шоу и мора така да продолжи, но би требало да се воведат дополнителни редари на трибините кои ќе се грижат за сигурноста. Исто така на стадионите би требало да се направат ќелии каде што ќе се сместуваат навивачите кои ќе прават проблеми“.
„На стадионите не смее да има насилство и расизам, сепак тука се работи за спорт и забава…Луѓето кои така се однесуваат треба да бидат уапсени“, изјави првиот човек на Сампдорија.