Дома Видео Лудница на аеродромот: Наинголан пристигна во Милано!

Лудница на аеродромот: Наинголан пристигна во Милано!

Белгијскиот фудбалер Раџа Наинголан вечерва допатува во Милано, а веќе утре би требало да ги мине медицинските прегледи во Интер.

Наинголан веќе неколку сезони е еден од главните играчи на рома и сигурно дека е големо изненадување неговото заминување во Интер. Раџа вечерва пристигна во Милано, а на аеродромот го пречекаа голем број навивачи на Интер.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Белгијанецот по доаѓањето на аеродромот кратко се обрати на присутните новинари каде откри дека е среќен што доаѓа во овој клуб.

„Среќен сум што сум овде, а се надевам дека навивачите ќе бидат уште посреќни со моите игри.“

Рома на овој трансфер треба да заработи околу 24 милиони евра, а во спротивен правец ќе премине Давиде Сантоне и младинецот Николо Заниоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Историски преседан во Лигата на шампиони, додека 43 земји немаат претставник, Англија ќе има дури 6!

Едно од најслабите финалиња на европските натпревари се одигра синоќа во Билбао, каде што …