Како што е познато, Ливерпул синоќа обезбеди пласман меѓу осуммте најдобри екипи во Европа, откако го победи Баерн среде Минхен со 1:3.
Во листата на стрелци за Црвените се запишаа Мане двапати и Ван Дијк, додека Баерн постигна погодок по несреќната реакција на Матип, кој си постигна автогол за 1:1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По натпреварот следуваше вистинско славје на фановите на Ливерпул низ локалите во Минхен, а на социјалните мрежи кружат видеа од забава организирана во локал во Минхен пред почетокот на натпреварот.
Кога се во прашање фановите на Ливерпул нема што да се коментира, доволно е да се погледне и да се ужива во атмосферата. Веќе подолго време главен лик на ваквите забави е гитаристот Џејми Вебстер, кој и синоќа заедно со навивачите на Ливерпул направија вистинско шоу.
Една од омилените песни на Црвените е песната посветена на Вирџил ван Дајк, кој оваа сезона ги освои симпатиите на фановите и несомнено е број еден играч во ростерот на Клоп.