Пред денешниот Суперкуп играчот за врска на Ливерпул Ванијалдум откри интересен момент кој се случил пред финалето со Реал Мадрид во 2018 години.
Јирген Клоп е познат по некои свои луди методи, а еден таков метод спремил и за тој натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Ванијалдум откри дека Клоп во соблекувалната држел говор во боксерски од брендот на Кристиано Роналдо и на тој начин сакал да го намали притисокот врз фудбалерите.
„Се појави на состанокто во кошула која беше вовлечена во боксерски од брендот на Роналдо. Кога го видовме сите започнавме да се смееме. На тој на чин го скрши мразот. Вообичаено е во тие ситуации да сте стегнати и серизони, меѓутоа Клоп беше опуштен и тоа сакаше да ни го пренесе на нас. Сигурно дека има ефект ако видите дека вашиот тренер е опуштен. Клоп со своите шеги и луди идеи знае да го намали притисокот“, изјави Ванијалдум.
Сепак во тоа финале Ливерпул претрпе пораз, а европскиот трофеј го освои една година подоцна.