Дома Фудбал Италија Лоши вести за Јувентус: Заврши сезоната за Демирал

Лоши вести за Јувентус: Заврши сезоната за Демирал

Дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал ќе го пропушти остатокот од сезоната, откако се покажа дека има тешка повреда на коленото.

Демирал се повреди во синоќешното дерби против Рома, а од клубот денес потврдија дека Демирал има скинати лигаменти на коленото и ќе мора да биде опериран.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа значи дека Турчинот ќе го пропушти остатокот од сезоната бидејќи рехабилитацијата од таква повреда е најмалку шест месеци.

Демирал синоќа го постигна првиот гол на мечот, но мораше да го напушти теренот во 19-та минута поради повреда. 21-годишниот дефанзивец ова лето пристигна во Јувентус од Сасуоло и беше на мета на многу европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бившиот фудбалер се збогатил како дилер на дрога: “За две недели заработувам…”

Серхио Контрерас Пардо, попознат како Коке, некогашен професионален фудбалер кој играл за …