Дома Останати Ракомет Лоши вести за нас: Американците сакаат да одат на СП и со 12 ракометари

Лоши вести за нас: Американците сакаат да одат на СП и со 12 ракометари

Денес се појави вест дека Американците би можеле да го откажат учеството на Мундијалот поради 18 случаи на позитивни на коронавирус во нивната селекција. Сепак, тие не се откажуваат, а селекторот Роберт Хедин најави дека ќе одат на СП и со 12 ракометари.

И самиот Хедин е позитивен на Ковид и мора да седи во изолација, но тој е оптимист и тврди дека неговата репрезентација може да патува со 12 ракометари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Во Египет ќе пратиме 12 ракометари, но лошото е што немаме одбрана. Барем имаме голман“, изјави Хедин за скандинавските медиуми.

САД 12 ракометари мораат да пратат до утре затоа што во четврток го имаат првиот натпревар против Австрија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Атракција на македонските ракометари: Македонија води на полувреме против Романија (Видео)

Македонската ракометна репрезентација води со 13-9 на полувреме против Романија и уште е в…