Дома Трансфер зона Лоши вести за Мурињо: За стоперот кој го сака ќе мора да руши светски рекорд?

Лоши вести за Мурињо: За стоперот кој го сака ќе мора да руши светски рекорд?

mourinho

Мурињо е во потрага по засилувања, но каде и да се појави цените се превисоки…

Во текот на вчерашниот ден се појави вест дека Манчестер Јунајтед би можел да понуди 73 милиони евра за стоперот на Лестер Хари Мегваер, сепак според островските медиуми „ѓаволите“ добиле одговор кој не им се допаднал.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Наводно, Лестер за својот дефанзивец бара сума од околу 100 милиони евра, со што би бил срушен рекордот за најскап дефанзивец кој во јануари го постави Ливерпул за Ван Дијк.

Освен Мегваер, на листата е уште Алдервилд за кого Јунајтед би платил нешто помалку околу 70 милиони евра.

Зошто Лестер бара толкава сума за Мегваер кога пред само една сезона го купија за 20 милиони евра?

Не сакаат да го продада, парите не им се потребни, веќе се ослабени со заминувањетоа на Марез, па сакаат да го задржат играчот кој одигра одличен Мундијал.

Освен стопер, Мурињо сака и напаѓач. Марсијал ги напушти припремите на клубот и замина во Париз каде што се пораѓа неговата сопруга, тој сака да замине од клубот, кога е Мурињо во прашање тој не сака само да биде продаден на некој од ривалите.

Јунјатед стапи во контакт со Ајнтрахт, бидејќи Перишиќ е тешка мета ќе се обидат да го доведат Анте Ребиќ. Но и Германците бараат околу 60 милиони евра, едноставно каде и да се појави Јунајтед цените се превисоки, а засилувања им се и тоа како потребни…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дибала бира меѓу Атлетико и Премиер лигата

Пауло Дибала ова лето најверојатно ќе ја напушти Рома, а како потенцијални дестинации се с…