Дома Фудбал Останато Лоши вести за Монако: Фалкао надвор од терените три недели

Лоши вести за Монако: Фалкао надвор од терените три недели

Колумбискиот фудбалер, Радамел Фалкао ќе паузира три недели поради повреда, соопшти клубот од Кнежеството.

Фалкао е најдобар фудбалер на Монако оваа сезона, бидејќи постигна 23 гола во сите натпреварувања и неговата повреда ќе биде голем хендикеп за оваа екипа.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Колумбиецот се повреди на натпреварот во Лига 1 против Лион, кој Монако го доби со 3:2, а станува збор за повреда на левиот мускул. Потсетуваме, Фалкао на споменатиот натпревар постигна гол, а од игра излезе во текот на вториот дел од натпреварот.

Екипата на Монако во моментов се наоѓа на 3. позиција во Франција со 50 освоени бода, а следниот натпревар го игра на гости против Анжер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан може да добие засилување од Манчестер Јунајтед

Според извештаите на Sky Sport Italia, ФК Милан е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер …