Тренерот на Милан, Стефано Пиоли нема да може да смета на Анте Ребиќ за дербито со Интер во сабота, пренесуваат италијанските медиуми.
Хрватскиот репрезентативец денес беше на лекарска контрола и дефинитивно отпадна од конкуренција за дербито „Дела Мадонина“ кое на програмата е за два дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ребиќ го повреди лактот на мечот со Кротоне, па иако не станува збор за фрактура, туку само дислокација, сепак не успеа да се опорави за дербито со Интер.
Убавата вест за тренерот Пиоли е што Златан Ибрахимовиќ ги реши проблемите со коронавирусот, а и капитенот Алесио Ромањоли се опорави од повредата и ќе биде спремен за дербито.