Дома Фудбал Лоши вести за Анчелоти пред „Ел Класико“

Лоши вести за Анчелоти пред „Ел Класико“

Белгискиот голман Тибо Куртоа го пропуштил и денешниот тренинг на Реал Мадрид, па затоа е под голем знак прашалник за неделното „Ел Класико“, пренесуваат шпанските медиуми.

Стандардниот голман на клубот од Мадрид ги пропушти претходните четири натпревари поради проблеми со вратот, на негово место бранеше Украинецот, Андреј Лунин.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Се надева Карло Анчелоти дека еден од најдобрите голмани ќе биде спремен за натпреварот со Барселона, но време има се помалку. Куртоа би требало да се врати утре со екипата, меѓутоа колку ќе биде спремен за во недела останува да се види.

Постои можност херојот на Реал од финалето во Лигата на шампионите минатата сезона да настапи под инекции. Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона се игра во недела од 16:15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…