Во вчерашниот натпревар помеѓу Тотенхем и Евертон видовме една невобичаена сцена во која блиску до физичка пресметка беа соиграчите од Тотенхем Уго Лорис и Сон.
Лорис беше тој кој што тргна кон Сон, па голманот ја објасни својата реакција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Луѓето од страна можат да кажат што сакаат, но во соблекувалната почитта е на највисоко ниво. Тоа што се случи помеѓу мене и Сон е дел од фудбалот и такви работи се случуваат. Можевте да видите дека по крајот на натпреварот двајцата бевме среќни за победата и освоените бодови“, изјави Лорис.
Hugo Lloris & Son clashing with each other at half-time ? pic.twitter.com/jjVeKy36AR
— Football Daily (@footballdaily) July 6, 2020
Потоа новинарите го запрашаа Лорис дали му замерил на Сон за шансата на Ричарлисон во последните секунди од првиот дел.
„Да, дозволивме противникот да влезе во добра шанса на само неколку секунди пред полувремето. Тоа се случи затоа што не притискавме како што треба“, смета чуварот на мрежата на „петлите“.