Дома Трансфер зона „Лордот“ Бентнер има нов клуб – се сели во Норвешка!

„Лордот“ Бентнер има нов клуб – се сели во Норвешка!

Некогашиот фудбалер на Арсенал, Николас Бентнер го напушти Нотингем Форест, каде настапуваше оваа сезона и се пресели во Норвешка.

Имено, Бентнер ќе настапува за тамошниот шампион Розенборг. Напаѓачот вчера потпиша трогодишен договор и го задолжи дресот со број девет.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Бентнер во кариерата играше за Арсенал, Јувентус, Волфсбург, Бирмингем, а последно настапуваше во Нотингем Форест каде оваа сезона постигна два гола на 17 настапи во Чемпионшип.

Бентнер своевремено, додека настапуваше за Арсенал, важеше за еден од најголемите таленти, но неговата кариера тргна во надолна линија и константно е попратена со контроверзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …