Дома Фудбал Останато Лопетеги на чекор од Премиер лигата!

Лопетеги на чекор од Премиер лигата!

Јулиен Лопетеги е блиску да стане нов тренер на Вулерхемптон.

Оваа вест ја пренесоа бројни англиски медиуми кои тврдат дека Шпанецот сега е подготвен да ја прифати понудата од овој тим која ја одбил пред еден месец.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Причините беа од приватен карактер, бидејќи неговиот татко беше во лоша здравствена состојба, но сега е многу подобар, а Лопетеги е подготвен да се врати на тренерската работа.

Неодамна доби отказ од Севиља по очајниот старт на сезоната, но сепак забележа одлични резултати со Андалузијците бидејќи беше редовен учесник во Лигата на шампионите, а во 2020 година ја освои и Лигата на Европа.

Пред Севиља не се прослави на клупата на Реал Мадрид каде набрзина седна непосредно пред Светското првенство во Русија. Како селектор на Шпанија, Лопетеги изгради моќен тим, а пред патувањето во Русија не можеше да ја одбие поканата на Флорентино Перез, кој бараше замена за Зинедин Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

По 12 години: Јувентус повторно ќе има член од семејство на Дел Пјеро!

По цели 12 години презимето на славниот Дел Пјеро повторно ќе биде присутно во Јувентус. А…