Реал Мадрид се наоѓа во очајна форма и нема победа на четири меча со ред, па шпанските медиуми тврдат дека раководството веќе размислува за тренерска смена.
Наводно, претседателот Флорентино Перез знае кој ќе биде нов тренер ако Лопетеги добие отказ. Весникот „АС“ пишува дека Реал Мадрид е во контакт со поранешниот тренер на Челзи, Антонио Конте.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кралевите“ разгледуваат повеќе опции во моментов, но Конте е прв на листата бидејќи е единствениот слободен тренер од светска класа во моментов.
Реал Мадрид четири натпревари е без даден гол, има три порази и едно реми. Шпанските медиуми тврдат дека Лопетеги ќе добие отказ доколку го загуби Ел Класико дуелот со Барселона на 28-ми октомври.