Лоша вест за Реал во претстојното дерби со Атлетико Мадрид. Еден од најдобрите леви бекови во светот, Марсело не ќе може да игра против Атлетико во еден од најважните натпревари од почетокот на сезоната.
Бразилецот се повреди пред два дена на гостувањето во Севилја (0:3), според информациите од Шпанија во прашање е повреда на задната ложа, а предвидено е опоравување од две недели. Тоа значи дека Марсело освен за дебито против „јорганџиите“ нема да биде во комбинација и за натпреварот против ЦСКА во Москва, како ниту за првенствениот натпревар против Алавес следниот викенд. Потоа следи репрезентативната пауза во која ќе има доволно време да се опорави.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но до тогаш Лопетеги има проблеми и мора да смисли како ќе го замени Бразилецот. Единствениот природен лев бек кој го има на располагање е младиот Серхио Регулион.
https://www.youtube.com/watch?v=AxLMtbWWLjQ
Во прашање е 21 годишен фудбалер од младинскиот тим, меѓутоа тој го нема потребното искуство за овие натпревари бидејќи во кариерата не одиграл ниту еден официјален натпревар за „кралевите“ и би дебитирал во дербито против Атлетико.
Втората опција е Лопетеги Даниел Карвахал кој е десен бек да го користи како лев истото важи и за десниот бек кој ова лето пристигна од Сосиедад, Алваро Одриозола.
Најмалку реално, меѓутоа опција која се споменува е како лев бек да заигра крилниот играч, Лукас Васкез.