Дома Фудбал Лопатеги денес нормално го одработи тренингот на Реал Мадрид

Лопатеги денес нормално го одработи тренингот на Реал Мадрид

Шпанските и светскит медиуми се убедени дека Јулен Лопетеги сигурно ќе добие отказ од кормилото на Реал Мадрид после поразот во Ел Класико.

И додека се чекаат официјални вести од раководството, Лопетеги денес нормално го одработи тренингот со фудбалерите во тренинг центарот Валдебебас.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Никој од раководството на „кралскиот“ клуб немал контакт со тренерот после поразот од Барселона, тврди доброинформираната „Марка“. Меѓутоа, се очекува ова да е последен тренинг на Лопетеги како тренер на Реал Мадрид.

Во среда Реал игра во Купот против Мелија и според шпанските медиуми на клупата за тој меч ќе седи Сантиаго Солари. Се очекува до крајот на денот и официјално да му биде врачен отказ на Лопетеги.

Медиумите во Шпанија се готово сигурни дека Антонио Конте ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пекол во ЛШ: Му се предвидува нов срам на Мурињо?!

УТрово се појави веста дека Жозе Мурињо е пред враќање во Бенфика. Португалецот во почеток…