Ливерпул со победата на Манчестер (3:1) во најголемото англиско дерби се врати на првата позиција во Премиер лигата.
Пред Божиќ навивачите на „црвените“ имаат само една желба – нивниот клуб конечно да ја освои титулата во Премиер лигата после 1990 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неверојатно е што еден од најголемите клубови во светот веќе 28 години чека на титулата во државното првенство. Оваа сезона изгледаат дека се блиску, тимот на Клоп засега изгледа одлично.
Сепак, немаат право на грешки бидејќи Манчестер Сити покажа дека сака да стигне до одбрана на титулата.
Сити засега има само еден бод помалку од Ливерпул кој како што споменавме е лидер на табелата.
Дејан Ловрен, хрватскиот стопер од редовите на Ливерпул не сонува само за титулата, туку и за уште еден подвиг на неговиот клуб, а тоа е да остане непоразен цела сезона.
„Арсенал веќе тоа го направи, зошто не би го направиле и ние? Со победата над Манчестер Јунајтед и нашата игра во тоа дерби покажавме колку сме силни. Сега имаме нов предизвик и желба – да ја завршиме сезоната без пораз. Секако дека тоа нема да биде лесно, но сакаме затоа и дојдовме во Ливерпул. Знаеме дека можеме тоа да го постигнеме“, изјави Ловрен.