Дома Фудбал Останато Листа на најскапите фудбалери до 20 години: Најскапиот вреди 150 милиони евра!

Листа на најскапите фудбалери до 20 години: Најскапиот вреди 150 милиони евра!

ЦИЕС фудбалската опсерваторија објави листа на најскапи фудбалери до 20 години од најсилните пет европски лиги.

19 годишниот одличен играч на Борусија Дортмунд Џадон Санчо се наоѓа убедливо на врвот. Тој е проценет на огромни 150.3 милиони евра.
На второто место е играчот за врска на Арсенал Матео Гендузи кој вреди 70.1 милион евра.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Младиот играч на Рома Николо Заниоло е трет со 67.4 милиони евра, Каи Хаверз од Леверкузен е на четвртото место со 64.3 милиони евра, а листата пет најскапи млади играчи ја затвора Даклан Рајс од Вест Хем со цена од 64.2 милиони евра.

Треба да се истакне дека на оваа листа ги нема суперталентираните играчи на Ајакс како што се Матијас Де Лихт и Френки Де Јонг затоа што тие играат во холандската лига. Јасно е дека доколку беа дел од топ 5 првенства и двајцата би биле во самиот врв, можеби некој од нив би бил и на првата позиција.

1. Џадон Санчо (Борусија Дортмунд, Англија) – 19 години, напаѓач, 150,3 милиони

2. Матео Гендузи (Арсенал, Франција) – 20 години, среден ред, 70,1 милион

3. Николо Заниоло (Рома, Италија) – 19 години, среден ред, 67,4 милиони

4. Каи Хаверц (Баер Леверкузен, Германија) – 19 години, среден ред, 64,3 милиони

5. Даклан Рајс (Вест Хем, Англија) – 20 години, среден ред, 64,2 милиони

6. Џанлуиџи Донарума (Милан, Италија) – 20 години, голман, 59,4 милиони

7. Винисиус Жуниор (Реал Мадрид, Бразил) – 18 години, напаѓач, 55 милиони

8. Џастин Клајверт (Рома, Холандија) – 20 години, напаѓач, 44,3 милиони

9. Еван Н’Дика (Ајнтрахт Франјфурт, Франција) – 19 години, одбрана, 44,1 милион

10. Рајан Сесењон (Фулам, Англија) – 19 години, одбрана, 43,5 милиони

11. Ибраима Конате (РБ Лајпциг, Франција) – 19 години, одбрана, 40 милиони

12. Самуел Чуквуезе (Вилјареал, Нигерија) – 19 години, напаѓач, 35 милиони

13. Диого Далот (Манчестер јунајтед, Португалија) – 20 години, одбрана, 30,2 милиони

14. Педро Поро (Џирона, Шпанија) – 19 години, одбрана, 29,4 милиони

15. Двајт МекНил (Барнли, Англија) – 19 години, напаѓач, 28,6 милиони

16. Албан Лафонт (Фиорентина, Франција) – 20 години, голман, 28,3 милиони

17. Бубакар Камара (Олимпик Марсеј, Франција) – 19 години, одбрана, 26,6 милиони

18. Фил Фоден (Манчестер сити, Англија) – 18 години, среден ред, 21,9 милиони

19. Ознан Кабак (Штутгарт, Турција) – 19 години, одбрана, 20,8 милиони

20. Калум Хадсон-Одои (Челзи, Англија) – 20 години, напаѓач, 20,3 милиони

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Не би било чудно доколку Реал понуди 180 милиони евра за Палмер“

КОЛ ПАЛМЕР (22) помина низ академијата на Манчестер Сити и забележа 41 настап, шест гола и…