
Претседателот на Лион, Жан Мижел Ола потврди дека играчот за врска, Танги Ндомбеле офцијално побарал трансфер.
22-годишниот играч за врска имаше фантастична сезона и го привече вниманието на многу европски гиганти.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Интерес за него покажуваат ПСЖ, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а сега Лион потврди дека очекува понуди за својата ѕвезда.
„Ндомбеле сака нов предизвик. Се уште немаме договор со ниту еден клуб, но играчот сака да си оди и вратата е отворена. Очекуваме понуди од заинтересираните клубови“, потврди Ола.
Цената на Ндомбеле во моментов изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра, за најсериозен кандидат за неговиот потпис е Тотенхем.