Дома Фудбал Лига на шампиони Лил со вчерашната победа прекина серија на Реал Мадрид од 36 натпревари

Лил со вчерашната победа прекина серија на Реал Мадрид од 36 натпревари

Aктуелниот европски шампион, Реал Мадрид вчера доживеа неочекуван пораз од Лил во второто коло од Лигата на шампионите.

Лил одигра одличен натпревар во кој во најголем дел од натпреварот беше подобар противник на теренот, а секако најважни се трите бода и си ги зголеми шансите за нокаут фазата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За францускиот тим ова беше прва победа во овогодинешното издание од елитното евроспко натпреварување откако претходно беа поразени од Спортинг со 0:2.

Со оваа победа Лил стави крај и на долгата серија беза пораз на „кралевите“ која траеше 36 натпревари. Последен кој го победи Реал пред вчерашниот натпревар беше Атлетико на 18-ти јануари 2024 година во Купот на Шпанија. Тогаш „јорганџиите“ славеа по продолженија.

За Реал сепак продолжува низата во домашното првенство каде што нема пораз на 40 натпревари во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Лудница во Лондон: Естевао во 96. минута со првенец го израдува Челси (Видео)

Челси извојува драматична победа над Ливерпул со 2-1 на „Стемфорд Бриџ“, благодарение на п…